Видео: Ова се станови за во случај на нуклеарна војна – Еве колку чинат!


Британски „Телеграф“ пренесе дека милионерите имаат можност да купат луксузни станови во подземната зграда, која што се наоѓа на тајна локација, во близина на градот Конкордија, во Канзас и на тој начин да преживеат евентуален нуклеарен напад.

Според наводите некогашните нуклеарни силоси пред неколку години ги купил Лари Хол и ги направил во луксузна скривница, за да ја преживее „апокалипсата“ на 21-ви декември 2012 година.stanoviNapad4

Таканаречените станови за преживување чија што цена се движи помеѓу 1,5 и 4,5 милиони долари, се наоѓаат во две згради, а едната од нив веќе е распродадена. Инаку како што се наведува станарите во овие згради, ќе имаат пристап до библиотека, базен, бар, кино, спа третмани и многу други видови на забава. Сопствениците на кучиња ќе имаат каде да ги шетаат своите миленици, а можно е да се занимаваат и со разни спортови, како што се стрелаштво и искачување по вештачка карпа.stanoviNapad3

Во случај на нуклеарна војна или некоја друга катастрофа, комплексот ќе биде обезбеден со чист воздух, вода и храна за 70 лица во тек на пет години. Според пишувањето на „Телеграф“ комплексот има свој извор на електрична енергија, резервоар за вода со капацитет од 300.000 литри и систем за прочистување на воздух, кој може да издржи нуклеарна, биолошка и хемиска војна.stanoviNapad

Зеленчукот би се одгледувал во хидропонска градина, а зградите содржат и рибник, амбуланта, простории за телкомуникација и метеоролошка станица. Помалите станови можат да примат до пет лица, додека поголемите до 10 и сите потполно се опремени со купатила и џакузи. Ентериерот е ултра модерен со осветлување кое имитира сончева светлина и видео екрани, кои прикажуваат сцени по избор. Силосот е изграден од бетонски ѕидови, чија што дебелина изнесува околу три метри, а врвот ќе биде покриен со купола дизјанирана да издржи ветрови од околу 800 километри на час.stanoviNapad2

Се наведува дека во момент на армагедон, по сопствениците на становите и останатите станари ќе дојде оклопно возило, кое ќе ги однесе до нивните луксузни станови за преживување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1