Видео: Падна авион кај Обреновац – двајца мртви


Две лица погинаа при пад на спортски авион кај Обреновац во Србија.

Погинале пилотот Мирослав Веселиновиќ (1952) од селото Уровци и Ѓорѓе Вујиќ(1983) од Сурчин, јавува РТС.

Авионот се срушил меѓу местата Ратари и Врагуљица, на седум километари од Обреновац и на само неколку стотина метари од првите куќи.

Авионот марка “супер дукано” паднал во крошните на дрвата, вчера околу 20 часот, а причина за падот е најверојатно кршење на едното од крилата додека се обидувал да го приземји авионот. Авионот е приватна сопственост, а пилотот бил пилот аматер.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1