ВИДЕО: Пентагон објави како се мачени затворениците во Ирак и Авганистан


Американското Министерство за одбрана објави 198 фотографии од затвореници кои биле мачени од припадниците на американските сили во Ирак и во Авганистан во периодот од 2003 до 2006 година.01-maceni-zatvorenici-43

Фотографиите настанале за време на интерните воени истраги и потекнуваат од времето непосредно по американската инвазија на Ирак, која претседател на САД беше Џорџ Буш помладиот.

На поголемиот број фотографии прикажани се делови на тела на кои се гледаат модринки и гребнатиници, а некои слики се многу вознемирувачки. Лицата на затворениците кои биле подложени на тортура се скриени.

Но, не се објавени информации каде се држени затворениците и под кои околности, како ниту под каков вид тортура биле подложени.zatvorenici maceni

Американското здружени за граѓански слободи (АЦЛУ) во 2004 година го тужеше Пентагон и бараше да се објават фотографи од затворениците кои биле подложени на тортура.

АЦЛУ бара Пентагон да објави 1.800 фотографии кои се снимени за време на истраги.

– Објавените фотографии илустрираат само мал дел од вистинските хорор приказни односно од праксата на мачење што ја спроведува американската Влада, изјави директорката на програмата за безбедност и човекови права на американскиот огранок на „Аменсти интернешнл“ Норин Шах.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1