ВИДЕО: Плаќале по 10 евра за засолниште – еве како беа откриени мигрантите во Ваксинце


Во полициската акција во село Ваксинце ноќеска се затеканти 128 мигранти од Сирија, Ирак и други држави. Полицијата исто така во една од куќите што ги претресувала пронашла и едно 68-годишно лице по кое било распишана потерниза поради извршено убиство.migranti333

-Илегалните мигранти беа откриени во пет објекти од десетте кои беа предмет на интерес. Според досегашните сознанија, сопствениците на објектите ги изнајмувале истите по цени во просек од 1500 евра месечно, во зависност од тоа за каков објект се работи или доколку сами ги примале илегалните мигранти им наплатувале од 5 до 10 евра само да се засолнат во објектот без да им биде даден кревет за парите кои ги плаќале.

Од досега извршените разговори со илегалните мигранти, посочено е дека сите дошле во Ваксинце по сопствена воља, патувајќи од соседна Грција кон побогатите земји членки на Европската Унија, односно ниту еден од нив не посочил дека бил жрвтва на присилба, закана или уцена во однос на престојот.

При претрес на објектите пронајдени се еден пиштол марка „GROU MINI – 8 mm“ со рамка со 5 куршуми и 7 куршуми кои дополнително се пронајдени во ранец од мигрантите во чајџилница, каде што се откриени 41 мигрант. Во останатите објекти пронајдени и одземени се 11 куршуми 9 мм, компјутер, два лаптоп компјутери, три мобилни телефони, два џебни ножеви, една кошула со амблем на УЧК, еден тактички елек, една маскирна кошула без амблем и парични средства во износ од 2400 евра. Дел од активностите во врска со претресите се уште се во тек и се превземаат мерки за целосно комплетирање и документирање на случајот – соопштуваат од МВР.

Од МВР најавуваат дека до надлежното Јавно Обвинителство за гонење организиран криминал ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „Криумчарење на мигранти“, против четири лица од село Ваксинце на возраст од 32 до 61 година кои фигурираат како сопственици на објектите во кои се пронајдени мигрантите.

Уапсениот по потерница, пак, се товари за убиство кое го извршил на 6 јануари 2001 година во Куманово, кога заедно со уште двајца негови познаници со пиштоли, кои ги поседувале без одобрение, убиле маж.

Причината за убиството е што пријавените, револтирани бидејќи сега убиениот не се согласувал на брак помеѓу неговата ќерка и синот на приведеното лице, се упатиле кон неговата куќа и по кратка расправија започнале да пукаат кон него при што му нанеле четири прострелни рани. Истиот бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде два дена подоцна им подлегнал на повредите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1