ВИДЕО: РУСКИОТ ПИЛОТ: Едвај чекам да се одмаздам за смртта на мојот колега


Рускиот пилот кој го преживеа уривањето на воениот авион СУ-24, вели дека веднаш штом ќе закрепне ќе се врати на позициите на фронтот.

„Морам да го ‘наплатам’ долгот за мојот капетан“, вели пилотот Константин Мурактин.ruski pilot

Во авионската несреќа животот го загуби другиот пилот, за чија смрт одговорност презеде бунтовничката туркменистанска бригада, која тврди дека нејзините припадници го застрелале додека паѓал со падобранот.

Мурактин беше спасен во 12-часовна заедничка операција на руските и сириските специјални сили.

Тој тврди дека турските авиони не го предупредиле рускиот СУ-24 пред да го нападнат, а ниту пак дека тој се движел во турски воздушен простор.

Турскиот претседател пак, Речеп Таиp Ердоган убедува дека соборувањето на авионот не е провокација, објаснувајќи дека земјата само ја штитела својата безбедност.

Претседателот тврди дека рускиот авион летал во воздушниот простор на Турција и неколкупати бил предупреден пред нападот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1