Видео: Сакате да одите на Марс? Ова се условите кои треба да ги исполните


Непрофитната организација Mars One од Холандија, на љубителите на вселената им нуди можност за живеење таму. Бараат астронаути доброволци за колонизација на оваа планета. Може да се пријават луѓе од целиот свет, а мора да имаат добро познавање на англискиот јазик.

mars-mnnДо 2023 година, организацијата Mars One ќе одведе, (барем така се планира), население на Марс, кадешто во повеќе мисии ќе патуваат заинтересираните жители на Земјата. Сите кандидати кои ќе се пријават, ќе мораат да бидат спремни до 2022 година. На патувањето ќе му претходат обуки, кои вклучуваат тренинзи во симулирани мисии, вежби во услови на ограничено движење и преедавање за електрониката. Ќе се учи и како да се поправа опремата, и како во вселената да се даде итна медицинска помош.

Сите кандидати мораат да пополнат пријава, а астронаутите доброволци, меѓу останатото, мораат да имаат длабоко чувство за смисла, да тежнеат кон градење и зачувување на здрави меѓучовечки односи. Треба да имаат доверба во другите луѓе, да бидат отпорни, силни, прилагодливи, креативни…

Иако официјално процеост на пријавување, сеуште не е започнат, Mars One веќе добил повеќе од 1.000 маилови со пораки од луѓе кои сакаат да се вклучат во проектот.

Сите кандидати мораат да бидат полнолетни, а процесот на избор ќе започне во првата половина на 2013 година. Избраните кандидати ќе бидат поделени најмалку во шест тимови кои ќе имаат по четири членови. Како што наведува страната на организацијата, по пат на демократија ќе се избере кој прв ќе слета на Марс. Другите тимови на пат ќе тргнат во наредните две години.

Планот е до 2033 година во склоп на овој проект, на Марс да се населат 20 жители. Волонтерите, на Марс веќе ќе ги чекаат објекти во кои ќе живеат, а кои ќе бидат изградени од роботи.

Извор – Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1