(Видео) Се урна пешачки мост во Мајами, има жртви


Повеќе луѓе загинале, откако се урна новоизграден пешачки мост на Меѓународниот универзитет Флорида во Мајами.

Деветсто и педесет тони тежок мост, кој беше кренат над булевар, само што беше пуштен во употреба во саботата. Сообраќајната полиција потврди дека мостот се урнал врз возила и оти неколку лица почнале. Најмалку едно лице е повредено и пренесено во болница.

„Пет или шест возила се заглавени под урнатините на мостот. Има неколку загинати и повредени“, изјави портпаролот на противпожарната служба на Мајами.

Спасувачките служби излегоа на терен во потрага по жртви

„Слушнавме силен тресок зад нас. Погледнавме и видовме дека целиот мост се урнал“, кажа студентката Изабела Караско, која неколку моменти претходно поминала под мостот.

Таа вели дека видела пет-шест возила целосно смачкани од бетонската конструкција.

Мостот бил изграден на барање на студентите и професорите, за да го избегнат сообраќајот и чинел 14,2 милиони долари.

Мостот, што тежи 950 тони беше пуштен во употреба во саботата, по што бил малку спуштен до финалната позиција.

Мостот е изграден со користење иновативен пристап кон изградба на мостови – техника што требаше да ги намали потенцијалните ризици за работниците, патниците и пешаците и да ги спречи сообраќајните метежи во областа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1