ВИДЕО: Шпански акробат загина на настап пред 35.000 луѓе


Шпанскиот акробат Педро Аунион Монрој (42) загина при пад на фестивалот „Мед кул“ во Шпанија, непосредно пред настапот на британската група „Грин Деј“.

Немилиот настан се случил кога акробатот паднал од кутијата која се наоѓала во воздух на висина од 30 метри.

Она што предизвика жестоки критики на социјалните мрежи е тоа што концертот сепак се одржа.

Едноставно, организаторите на фестивалот не сакале да го откажат концертот, а членовите на бендот не ни знаеле што се случило.

По концертот организаторите изразија жалење за несреќата, нагласувајќи дека не ја прекинале програмата поради безбедносни причини.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1