Видео: Силен пожар беснее во Битола – уништи гаражи и автомобили (Видео)


Силен пожар нешто по 13 часот и 30 минути зафати дел од гаражи и автомобили кај Декорпот, пренесува Тв Орбис.

На терен се две противпожарни возила со 4-5 пожарникари кои по половина час успеаа да ги стават под контрола пламените јазици.

Жителите од околните згради за ТВ Орбис велат дека не знаат како и од каде ги зафатил пожарот.

-Не знам од каде дојде, јас кога видов веднаш истрчав надвор. Ова е страшно. Веднаш пријавивме во пожарна – изјави за ТВ Орбис жител кој им помагаше на пожарникарите за справување со пламените јазици.

Според изјавите на жителите, причинета е голема материјална штета.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1