ВИДЕО: Снимен моментот кога автобусот удира во куќата на Цеца


Синоќа, околу 23 часот, автобус удрил во куќата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, а повредените веднаш се згрижени и причинета е само поголема материјална штета.ceca-autobus-kuca-udes-foto-kurir-1484122687-1077357-97928-640x432

Автобусот кој вчера вечер се заби во куќата на Цеца Ражњатовиќ неконтролирано се лизгал по улицата, а сето тоа го снимиле безбедносни камери.

Автобусот, додека се лизгал по надолнината, се извртил и со предниот дел собра бандера и две дрвја покрај тротоарот, при што ја закачи и куќата во која живее позната српска пејачка. Како што јавија српските медиуми, пејачката била во својот дом кога се случил ударот.

Возачот најверојатно поради лошите временски услови изгубил контрола над возилото во стрмната улица. Се обидел да го запре автобусот, но не успеал во тоа и удрил во куќата на Цеца при што се урнал еден столб.

Пејачката и нејзините деца во тој момент слушнале громогласен удар и истрчале да им помогнат, пренесува Блиц.

Повикале полиција и Итна помош која констатирала полесни телесни повреди кај двајца патници.

За среќа избегната е поголема трагедија, иако местото на несреќата изгледа страшно – стакло има на секаде, откорнати се две дрва и бандера.

Со брза реакција на полицијата, сето тоа е санирано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1