ВИДЕО: Трамп ја подарува платата, медиумите ќе одлучуваат каде да ги донира парите


Aмериканскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја подари својата претседателска плата на крајот на годината и побарал од медиумите да му помогнат да одлучи каде да ги донира тие пари.tramp-7-640x427

-Трамп планира да ја донира својата плата во износ од 400 000 долари и ќе им дозволи на медиумите да одлучат каде ќе отидат тие пари, рекол портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.

Иако тоа предизвика смеа кај новинарите, Спајсер рече дека барањето е сериозно, пренесоа американските медиуми.

-Начинот да го избегнеме преиспитувањето е да им дозволиме на медиумите да одлучат каде да одат тие пари, рекол Спејсер.

Подарувањето на плата во добротворни цели беше едно од ветувањата на Трамп во изборната кампања, потсети портпаролот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1