Видео: Трамп одби да се ракува со Меркел


Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика уште еден скандал, овој пат за време на долго очекуваниот состанок со германската канцеларка Ангела Меркел.tramp merkel

Имено, Трамп и Меркел им позирале на фоторепортерите во пресрет на првата меѓусебна официјална средба, при што неколкумина фоторепортери гласно побарале да се ракуваат за да можат да го снимат тој момент.

Веднаш потоа Меркел на Трамп тивко му рекла „Мислам дека сакаат ракување“, на што Трамп продолжил да гледа „во празно“ и така го игнорираше барањето на германската канцеларка.

Сепак, американскиот претседател и германската канцеларка се ракуваа претходно, при нејзиното влегување во Белата куќа.

Светските медиуми наведуваат дека теоретски е можно Трамп да не ја слушнал Меркел кога му спомнува за ракување, иако барањата на фоторепортерите беа прилично гласни. Целата ситуација е опишана како многу непријатна.

Трамп инаку е познат по своите необични ракувања со светските лидери, па така на почетокот на својот мандат со јапонскиот премиер Шинзо Абе се ракуваше цели 19 секунди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1