ВИДЕО: U2 го откажаа концертот во Париз, но дојдоа да оддадат почит


Во саботата вечер во Париз требаше да се одржи концертот на групата U2, но по терористичкиот напад членовите на групата го откажаа концертот. Сепак пристигнаа во главниот град на Франција.

U2 ја посетија концертната сала Батаклан и положија свежо цвеќе и запалија свеќи за да им оддадат почит на жртвите во масакрот.u2respect

Боно Вокс заедно со Еџ, Лери Мaлен и Адам Клејтон им се придружија на многуте граѓани што дошле пред концертната сала каде се одржа масакрот. Бендот во саботата наутро објави дека го откажува концертот за некои поубави времиња.

-Шокирани бевме и не ни се веруваше што се случува во Париз, а нашите срца се со жртвите и со нивните семејства. Многу ни е жал поради изгубените животи на концертот на Иглс оф дет метал, а нашите мисли и молитви се упатени кон членовите на бендот и нивните фанови. Се молиме и се надеваме дека сите наши обожаватели во Париз се на сигурно, напишале членовите на бендот во соопштението до јавноста.

U2 не се единствениот бенд што ги откажеле настапите во следниот период. Фу фајтерс ја откажале европската турнеја, а Колдплеј го откажале својот настап во Лос Анџелес во петокот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1