ВИДЕО: Возачот на принцезата Дајана по 20 години првпат проговори за несреќата


Возачот на принцезата Дајана првпат јавно проговори, 20 години по несреќата. Во емисијата „Добро утро, Британијо“ Колин Тебут признава дека би сакал кобната ноќ тој да седи зад воланот велејќи дека другиот возач возел пребрзо.

Тебут кој бил еден од најблиските асистенти на Дајана, отишол во болничката соба во Париз веднаш по нејзината смрт за да се погрижи за сите детали. Раскажал дека на прозорците ставил ќебиња за никој да не може да види што се случува внатре.

-Најдов вентилатори за да ја оладам собата во која беше многу топло. Додека шетав околу просторијата, трепките и косата на принцезата се поместуваа и тоа многу ме вознемири, рекол тој.

Тебут рекол дека принцезата имала смисла за хумор и дека кон сите се однесувала со почит.

-Не сум слушнал ниту еден лош збор за неа, рекол тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1