ВИДЕО: Жива ја запали љубовницата на сопругот


Бесна сопруга во Кина откако дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува жива ја запалила неговата љубовница среде улица.

Гневната жена и пришла на љубовницата, ја полила со бензин и ја запалила. Откако го извршила убиството таа се обидела да се самоубие.

zapalena500Жената со презиме Ши ја убила љубовницата на сопругот пред една чајџилница, зошто ја “натерала да се разведе“.

Според зборовите на сопствехникот на локалот, Ши која била облечена во црно, ја прашала љубовницата: “Дали си ти таа што се плетка со мојот сопруг?, и потоа не чекајќи одговор ја полила со бензин и ја запалила.

На снимката се гледа жена опкружена со високи пламени јазици како испушта ужасни крици, а потоа паѓа мртва. Нејзиното тело целосно изгорело, така што е невозможна идентификацијата. Ши која по нападот испила инсектицид и со нож си ги пресекла вените, е префрлена во болница.

Се е снимено од  камера на автомобил кој поминувал на местото на трагичната несреќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1