Видовден: Полицијата на Тачи пукала во срби во Мердаре – 20 повредени/ Видео


Најмалку 20 лица се повредени кога група на Срби се судриле со припадници на косовската полиција на преминот Мердаре на границата меѓу Србија и Косово. Утрината е пукано и во Бујановац.
Група од 54 Срби во два автобуси изутринава се упатиле на одбележување на празникот Видовден на Газиместан. Косовската полиција ја запрела групата во Вучитрн и побарала од нив да се вратат назад во Србија преку преминот Мердаре, каде и дошло до судирите. косовската полиција користела солзавец, гумени куршуми, но и боева муниција. Според извори во Здарвствениот дом во Куршимлија, еден од повредените има „тешки рани опасни по животот“ и е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш. 20 повредени лица, кои имале „рани од огнено оружје“.

Едно лице рането со огнено оружје во пределот на ’рбетот е префрлено во болницата во Ниш, каде ќе му биде извршена комплицирана операција.

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи го потврди инцидентот но според него полицијата вратила навивачка група а не срби кој оделе на прослава на видовден. Приштинските медиуми јавија дека косовските полицајци биле нападнати со камења.

„При инцидентот се повредени неколку полицајци. Главно се работи за повреди од удари од камења“, рече Реџепи, тврдејќи дека откако биле вратени, припадниците на групата почнале да ги каменуваат полицајците. Реџепи изјави дека при инцидентот „се слушнале и истрели од огнено оружје“, но, според него, тие доаѓале од правец на Србија.

Уште еден инцидент се случил утрово во Косово. Повеќе напаѓачи околу 4:00 пукале со пешадиско оружје кон пункт на мултиетничката полиција кај селото Добросин во општината Бујановац. Еден полицаец е полесно повреден, информираше портпаролот на полициската управа во Врање Драган Стаменковиќ. Според него пукањето доаѓало од правец на административната линија со Косово, од која полицискиот пункт е оддалечен стотина метри.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1