ВМРО-ДПМНЕ бара увид во договорот со Бугарија


Склучувањето на договорот со Бугарија задира во идентитетот и историјата на Македонскиот народ, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека вчерашниот настап на Зоран Заев во Софија е загрижувачки поради нетранспарентноста на документот кој тој го потпишал. Според ВМРО-ДПМНЕ, за јавноста е нејасно какво значење има терминот „заедничка историја“, што подразбира прашањето за немешање во внатрешните односи на земјите, а од партијата прашуваат и на кој јазик ќе се потпише договорот.

-За нас е разбирливо соседна Р. Бугарија да има свои интереси и нив да ги брани и застапува. Тоа што не можеме и нема да го прифатиме е Зоран Заев сам да одлучува за темите кои се од интерес, а пред граѓаните ветуваше инклузивност и дебата за многу понесуштински прашања. Граѓаните во моментов немаат ама баш никаква информација што договорил Заев, што е срамно и неприфатливо. Единствено што знаеме е дека Заев договорил заедничка македонско-бугарска прослава на македонскиот национален празник Илинден на Мечкин камен.

На Посетата на официјална Софија од премиерот Заев, реагираше и Граѓанската опција за Македонија. Од ГРОМ обвинуваат дека најавата за потишување договор за добрососедство е уривање на македонските национални интереси.

-Господине Заев, со прифаќањето на заедничката историја со Бугарија и заедничко славење на празниците им ја потврдувате тезата: „Един народ – две држави“. Нека повели премиерот на Бугарија, Бојко Борисов да се поклони пред споменикот на Ваташките младинци а не пред Цар Самоил. Илинден можеме да го славиме како заеднички верски празник, зашто и бугарите го слават Св. Илија, но никако како Илинденско востание.

Од ГРОМ додаваат дека двете земји може да говорат за национално помирување, но не и заедничка историја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1