ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедува правни советници за сите кои поради политички убедувања се под притисок, мобинг, отпуштање од работа


ВМРО-ДПМНЕ формираше тим од правни советници за сите членови и симпатизери кои поради своите политички убедувања или дејствувања се наоѓаат или ќе се најдат под притисок (мобинг, отпуштање од работа и сл.) од новите локални власти низ општините во Р. Македонија.

Еве што се вели во соопштението 

Водени од принципот на внатрепартиска солидарност како дел од Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ „Демократско ВМРО-ДПМНЕ за Демократска Македонија“, ги известуваме сите наши членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ дека Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ формираше тим од правни советници со цел да обезбеди првични правни насоки и консултации за сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои поради своите политички убедувања или дејствувања се наоѓаат или ќе се најдат под притисок (мобинг, отпуштање од работа и сл.) од новите локални власти низ општините во Р. Македонија.

Сметаме дека на сите наши сопартијци и поддржувачи во овој момент потребно е да им се пружи почетна насока и консултација од правен аспект, со цел понатамошно остварување на нивните права во соодветни постапки пред надлежните судски или управни органи во Република Македонија.

За таа цел, ги известуваме сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, дека секоја недела во периодот од 12:00 часот до 15:00 часот во просториите на Клубот на новинари ќе можат да се состанат со правниот тим на Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, и, доколку има основаност во наводите, да добијат соодветна првична правна помош, насока или консултација, без надомест.
Со почит,
Внатрепартиска иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1