Внимателно: Два часа ужас со само една чаша кока кола!


Дали некогаш сте се запрашале зошто пиете кока кола со насмевка? Тоа е поради тоа што со неа се „дрогираме“, иако кокаинот од кока кола го отстраниле уште пред стотина години. Зошто е отстранет кокаинот од кока кола? Затоа што го имало премногу.

Направено е комплетно истражување што се случува во организмот откако ќе се испие само една чаша Кока Кола – ви пренесуваме што покажало нивното истражување.

Десет минути откако испивме кока кола:

Максималната количина на шеќер што е и доволна дневна доза во организмот е 50 грама. Со една лименка кока кола внесуваме многу повеќе од ова. Но фосфорната киселина што се наоѓа во составот на овој освежителен пијалок го неутрализира благиот вкус.

Дваесет минути откако испивме кока кола:

Количината на шеќер во крвта енормно расте предизвикувајќи инсулинска експлозија. Нашиот црн дроб во тој момент сите шеќери од крвта ги претвора во маснотии (во тој момент црниот дроб има и што да претвори во маснотии)

Четириесет минути откако испивме кока кола:

Кофеинот од кока колата е целосно апсорбиран. Зениците се проширени, крвниот притисок расте, а како реакција на сето тоа, црниот дроб пумпа уште повеќе шеќери во нашиот крвоток. Рецепторите на аденозин во мозокот се целосно блокирани со што се спречува чувството на вртоглавица.

imagesa-sip-of-sodaЧетириесет и пет минути откако испивме кока кола:

Нашето тело го зголемува лачењето на допамин, со што се стимулираат центрите за пријатно чувство. Впрочем ова е истиот начин на кој врз нас делува и хероинот.

Шеесет минути откако испивме кока кола:

Фосфорната киселина влегува во реакција со калциумот, магнезиумот и цинкот во дебелото црево и притоа создава дополнителна експлозија врз нашиот метаболизам. Ова дополнително се комплицира со голема доза на шеќери и вметнатите засладувачи кои дополнително го зголемуваат излачувањето на калциум преку бубрезите.

Повеќе од еден час откако испивме кока кола:

Диуретските својства на кофеинот започнуваат да делуваат врз нашето тело (имаме чувство дека треба да мокриме). Тогаш целиот калциум, магнезиум и цинк кои биле наменети за нашите коски и организмот, електролитите на натриум и вода излегуваат од телото. Како хаосот во нашиот организам се намалува почнуваме да чувствуваме недостаток на шеќер.

Можеме да станеме лесно раздразливи, забавени. До тогаш сме ја исфрлиле преку урината целата вода што сме ја внеле преку сокот но, дури откако таа изреагирала со најважните елементи од нашиот организам заедно со остатокот вода која има улога да ги хидрира нашите структури и која заедно со останатите елементи ги гради нашите коски и заби.

На крај следи недостаток на кофеин кој настанува дури по неколку часа.

 Пред да ја испиете следната чаша кока кола помислете што си правите себе си! Се надеваме дека после овој текст сите љубители на кока кола кои ќе дознаат на што го изложуваат својот организам ќе преминат на обична ладна вода.

nutritionresearchcenter.org

healthfreedoms.org

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

25 Responses to “Внимателно: Два часа ужас со само една чаша кока кола!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.