Внимателно во базен – напаѓаат инфекции – еве како да се заштите


1. Доколку водата во базенот нема доволно хлор, може да настане инфекција. Исто така, доколку негата на телото по капењето во базен не е адекватна, ќе дојде до сушење на кожата.

425089-bazen2. До инфекција може да дојде и поради капењето во отворени базени како резултат на валканите плочки и бетонот за што се виновни луѓето кои работат на одржување на хигиената на базенот. Чистота на водата може да се одржи и доколку пред и по пливањето се истуширате.

3. Во базените лесно можете да „заработите“ некоја брадавица. Доволно е само едно лице да го „посее“ вирусот за да добиете вирус што е склон на појави на брадавици, посебно ако имате оштетена кожа или некакви ранички на ногата. Посебно се ризични затворените базени затоа што не се изложени на сончевите зраци кои ги уништуваат вирусите и бактериите. На трудниците не им се препорачува капење во отворен базен.

4. На жените со чувствителна кожа и на оние што имаат вагинален секрет им се препорачува да стават тампон пред влегување во базен, како и ставање антибиотска и антимикотска вагиналета. Тампонот го спречува понатамошното ширење на бактеријата, а истовремено го спречува и создавањето нова инфекција. На овој начин жените, покрај себе, ги заштитуваат и останатите капачи.

5. Капењето во базен и во отворени води не е препорачливо и за време на менструалниот период. Тампонот за време на циклусот не е доволна заштита, а предолгото останување во вода може да доведе до интензивно крвавење .

Пливачко уво

uvo1Во текот на капењето во базен, слушниот канал е директно изложен на нечиста вода. Како последица на тоа, може да дојде до воспалување на увото. Првиот симптом се манифестира како болка која се чувствува сè посилно како што болеста напредува. Понекогаш се појавува секрет од увото, зголемена температура и наглувост.На базен може да дојде до воспаление на надворешното уво, кое уште се нарекува пливачко уво. На пливачите им се советува по излегувањето од базен да стават антисептик капки во уво, а на сите останати им се советува да не користат стапчиња за уши.

Лечењето се состои од локална нега на заболеното уво, антибиотска терапија и забрана увото да се навлажнува.

Инфекција на очите

okoЕдна од најчестите летни инфекции на очите е коњуктивитисот. Затоа најважно е да нуркате со затворени очи, а за секој случај имајте дома капки против инфекција на очите.Во случај ако црвенилото, солзењето на очите, отокот и другите непријатности во пределот на очите не се намалат во рок од два-три дена, препорачливо е да го посетите докторот. По испитувањата, тој ќе ви препише средство кое ефикасно ќе ја отстрани инфекцијата. Немојте да се лечите на своја рака, ниту да ја одложите посетата кај докторот надевајќи се дека ќе помине сама од себе, бидејќи ризикувате трајно оштетување на видот.

Уринарни инфекции

Ако сте пдложни на уринарни инфекции добро е вечерта пред да одите на базен да испиете две таблети уроантисептик. Симптомите за уринарна инфекција се често и болно мокрење, мала количина на урина, болка и чувство на неиспразнет мочен меур. За жените е многу важно по капењето да го сменат костумот за капење, бидејќи влажниот материјал  идеален за развој на бројни инфекции.

Атлетско стапало

bazen3-520x390Најчестата инфекција на кожата која што може да се добие на базен е габичната инфекција на стопалото, позната како атлетско стопало. За да се спречи појавата на атлетско стопало неопходно е да се помине низ санитарната зона пред да се влезе во базенот, да се изврши дезинфекција на пластичните обувки кои ќе ги користиме при тушрање и при движење околу базенот и во соблекувалните. Исто така многу е важно да се тушираме пред и по излегувањето од базен.

Инфекции на кожата

При капењето во базен поради прекумерната употреба на хлор може да дојде до иритација на кожата и појава на сува кожа и алергии кај оние со осетлива кожа. Може да дојде и до промена на бојата на косата, која поради хлорот може да добие зеленкаста нијанса.

Инфекции на устата

Изложувањето на сонце може да доведе до пукање на устата, нејзино избелување и создавање на тврда кора која се лупи. Таа состојба може да биде плодна подлога за создавање на инфекција. Како превентива, се препорачува користење на балзам со заштитен  UV- фактор. Не постојат карактеристични летни инфекции на забите, но може да дојде до активирање на веќе постоечките хронични инфекции. Тоа се случува бидејќи изложувањето на сонце го намалува имунитетот, поради што може да се активираат присутните инфекции.

Совети за заштита и повеќе прочитајте на BABINLEK.COM 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1