Внимавајте: Див таксист си ги ограбувал патниците кои ги возел низ Скопје


img_taxi1

Млад таксист од Скопје кој си заработи кривична пријава за кражба откако украл мобилен телефон од патничка која ја возел.

Станува збор за 23 годишниот скопјанец И.И. кој “на диво“ превезувал патници. Тој, како што информираат од полицијата, го украл телефонот од 20 годишната З.А. додека таа излегувала од неговото возило. Итриот крадец, го искористил нејзиното невнимание, протнал рака во нејзиниот џеб и го украл мобилниот телефон, пренесува Прес24.

Не е позната бројката на патници кои “настрадале“ од дивиот таксист.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1