Внимавајте каде паркирате, се’ почесто се крадат катализатори


Крадците ги земаат катализаторите бидејќи тие во себе имаат вредни метали како што се платина, паладиум и родиум…

kradec koliЕвропската полициска агенција (Европол) издаде официјално соопштение, со кое предупредува на зголемениот број на кражби на катализатори од автомобилите. Кражби се забележани во голем број на земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги и Франција, Велика Британија и Шпанија. Најголем број на кражби се регистрирани кај SUV моделите, но не биле заобиколени ниту мини-комбињата, од практична причина, бидејќи кај нив е полесно да се пристапи до катализаторот и истиот да се отстрани, пренесува Коли.мк.

Вредноста на катализаторот зависи од видот на возилото. Минималната цена за еден половен катализатор е 50 евра. Од друга страна, трошоците за сопственикот на оштетеното возило, кој ќе треба да вгради нов катализатор, можат да бидат поголеми и од 1.500 евра. Многу крадци на катализатори припаѓаат на организирани криминални групи, кои работат преку границите и опфаќаат и подалечни пазари. Поголем број од овие престапници претходно биле вклучени во други видови на криминални активности, како што се кражба на камиони, кражба на акумулатори и сл. При кражбата најчесто се вади јадрото на катализаторот и ваднаш се продава, со цел полесно да се прекрие криминалот.

За да се намали ризикот од кражба на катализатори, Европол нуди и неколку совети:

– Паркирање на автомобилот во гаража
– Паркирање на автомобилот на места каде што има надзор (видео надзор)
– Паркирање на места каде што постои видливост на минувачите
– Паркирање во добро осветлени области
– Паркирање покрај пониски автомобили
– Означување на металната обвивка на катализаторот со уникатна ознака, со цел полесно да се влезе во траг

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1