Внимавајте на кого му давате пари – ЛАЖНИ попови чукаат на врата


Свештеник облечен во црна мантија дојде на вратата од мојот дом и ми побара 50 денари. Рече дека се донација за црква што се гради во населбата во која живеам. Без да размислам или, пак, да поразговарам со него, ги извадив парите и му ги подадов, пишува Нова Македонија.

Следниот ден, сосетката ми се пожали дека некој свештеник ѝ барал пари, но не му дала. Спомна и дека тоа не бил свештеникот што нѐ посетува за време на верските празници“. Оваа случка верничката Марија Божиновска од скопската населба Ново Лисиче ја раскажа на социјалните мрежи, со сомневање дека свештеникот што ѝ побарал пари бил измамник што ѝ се претставил како црковен работник. Случајот го пријавила во скопската епархија, од каде што, како што вели, веќе биле запознаени со проблемот. Ѝ рекле дека обично ваквиот бизнис се тера низ поголемите скопски населби, но и во поголемите градови низ државата.pop-pred-vrata

Ваквите појави биле чести пред големите празници, како што е случајот со претстојниот Велигден, на 12 април годинава. На Божиновска ѝ рекле дека најдобро би било да ги извести и другите членови во семејството, како и соседите во зградата за овој проблем.

– Кога повторно ќе ни затропаат на врата, да им побараме легитимација дека се свештеници. Само на тој начин може да се заштитиме. Многу е нечовечки и неетички некој да бара пари за донација за обнова на одредени верски храмови или манастири – додава верничката Марија.

Од Македонската православна црква-ОА ги советуваат граѓаните да ги легитимираат свештениците, а за лажните претставувања да ја известат полицијата.
– Секоја населба има парохиска црква во која жителите можат да побараат верски услуги. Обично верниците ги познаваат парохиските свештеници, но секогаш може да се случи некој да биде измамен. Затоа и ги предупредуваме верниците – објаснуваат свештениците.

Од скопската епархија најостро го осудуваат лажното претставување на поединци или групи што во името на МПЦ-ОА или на одделни верски храмови нудат и продаваат разни црковни предмети по домовите на православните христијани во поголемите градови во државата.

Сепак, напоменуваат дека ова не се однесува на лицата што закажуваат за велигденски водосвет, а кои се испратени од свештенството во храмовите од оваа епархија.

Нова Македонија

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1