ВНИМАВАЈТЕ: Пожар во стан во Скопје- експлодирала мала плинска боца за варење кафе


Експлозија на мала плинска боца за варење кафе синоќа предизвикала пожар во стан на булевар “Јане Сандански“, во кој тој е целосно опожарен, а 72-годишната Т.З се здобила со изгореници по нозете.Pozar500

Таа, како што соопшти МВР, со возило на Итната медицинска помош била пренесена во ГОБ „Св.Наум Охридски“, а оттаму во УЦ – „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани изгореници од втор степен на долните екстремитети и била задржана на натамошно лекување.

Пожарот синоќа во 20:45 часот во ЕИК-Скопје го пријавила С.М, а во 22:30 часот бил целосно изгаснат од страна на екипа на БППЗ-Скопје.

Увид ќе се изврши во текот на денешниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1