Внук си го нашол дедото починат во Скопје со расекотина на вратот


С.Ј. (78) од Пробиштип вчера околу 22 часот бил пронајден починат на улицата „Антон Панов“ во Скопје. Тој имал расекотина на вратот, а до неговото тело биле пронајдени траги од крв и нож.

Како што информира МВР, С.Ј. бил пронајден од неговиот внук кој го известил неговиот татко (зетот на С.Ј.), кој, пак, го пријавил настанот.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Институт за судска медицина на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1