Во кој век живеат? Саудиски брачен советник објаснува како мажот треба да ја тепа жената


Додека светот на големо зборува само за Северна Кореја кога се во прашање прекршувањата на човековите права и слободи, во Саудиска Арабија се случува ова…

Калед Ал Сакаби, семеен советник од Саудиска Арабија, објавил видео на кое што објаснува како треба да се решваат проблемите со „непослушните жени“, односно нуди упатства за нивно физичко дисциплинирање.MUSLIM BULA

Ал Сакаби во видеото апелира, најпрвин мажите да се обидат проблемот да го решат со разговор. Доколку тоа не вроди со плод, тој ги советува да се „одречат од жената во креветот“, а дури и ако тоа не даде никаков позитивен резултат, според него, сосема е нормално мажот физички да ја дисциплинира жената.

„Многу жени сакаат да го живеат својот живот на нивото на нивните мажи. Првиот чекор е да ја потсетите жената на нејзината должност кон Алах. Втората е, одречување од брачните должности во креветот. Третиот чекор е тепањето, но сакам да кажам дека безбедно ќе го преминеме овој мост“, вели саудискиот семеен советник Калед Ал Сакаби, а потоа издава подетални упатства.

„Целта е да ја дисциплинирате жената, а не да го „истурате“ бесот. Не би требало да ја тепате жената со своите раце, стап или остар предмет. Се препорачува да ја тепате со гранче или со платнена марама“, вели тој кој додава дека најпосле жената ќе сфати дека му згрешила на својот маж.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1