Во недела се раѓаат среќните, во понеделник емотивните, а во вторник


Денот на раѓање и неговото влијание врз животот на поединец. Дознајте каков карактер сте според денот на раѓање.

srekja

 

Во недела се раѓаат среќните

Ова е ден под влијание на Сонцето, а според древните толкувања се смета за прв ден од неделата. Според народното верување, неделата е многу среќен ден за раѓањето на детето. Луѓето родени во недела се харизматични, весели и оптимисти. Тие се во постојана потрага по нешто различно и не ги почитуваат правилата. И покрај тоа тие се стабилни, а најчесто имаат среќа во животот.

Родените во понеделник се многу емотивни

Со понеделникот владее Месечината, а според народната традиција во годината има само три понеделници, кои се сметаат за несреќни – првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот во декември. Како што е непостојана месечината, такви се и луѓето родени во понеделник, а најголемо влијание врз нив имаат емоциите. За нив е важно да имаат во животот солидна основа, како што се семејството, пријателите и партнерите од кои произлегува нивната сила.

Во вторник се раѓаат борбени и темпераментни

Вторникот е именуван по планетата Марс, кој по римското верување е бог на војната. Ова, на луѓето родени на овој ден, им носи голема сила, борбен дух и решеност да ги постигнат своите цели. Сепак, под влијание на Марс, тие се „немирни“ и имаат тенденција на нервоза.

Во среда се раѓаат интелигентни и експресивни

Средата е именувана по планетата Меркур, кој беше римскиот бог на трговијата, патувањето и науката. Затоа, луѓето родени на овој ден ги краси интелигенција, елоквентност и големо влијание врз другите луѓе. Сепак, имаат наследено одреден немир и љубопитност, за што им требаат постојани предизвици за да можат да функционираат.

Четврток е ден на оптимистите и независните

Четврток е управуван од страна на Јупитер, кој во митологијата е богот на грмотевицата и дождот. Тој е симбол на експанзија, оптимизам и добар хумор што ги краси луѓето родени во четврток. Тие имаат силно изразена потреба за слобода и независност, и ретко остануваат долго на едно место.

Во петок се раѓаат уметничките души

Петок е денот на планетата Венера, симболот на убавината, љубовта и удобноста. Луѓето родени на овој датум се под влијание на Венера и затоа се сензуални и уметнички типови. На некој начин, тие живеат во свој свет, имаат тенденција на идеалистички поглед на светот и романтични фантазии. Ја сакаат и почитуваат убавината и со неа се трудат да го исполнат својот живот.

Сабота е ден на разумни и практични

Сабота е денот на планетата Сатурн, кој во римската митологија е богот на земјоделството и жетвата, и синот на мајката земја. На луѓето родени на овој ден, Сатурн им носи карактеристики како што се практичност, рационалност и зрелост. Тие уште во помлада возраст се позрели од нивните врсници, и претпочитаат да планираат. Тешко се справуваат со промените што се должи на сомнежот во себе, но тие всушност им користат.

Тхинк.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1