Во оптек нова банкнота од 50 евра


Централните банки во еврозоната од денеска во оптек пуштија нова банкнота од 50 евра која, како што беше најавено, е потешка за фалсификување.50 evra

Досегашните банкноти од 50 евра во оптек се повеќе од 20 години и се вбројуваат меѓу најфалсификуваните банкноти воопшто. Околу 60 проценти од сите „уловени“ фалсификати биле банкноти од 50 евра

По банкнотите од 5, 10 и 20 евра, банкнотата од 50 евра е четврта банкнота во оптек од т.н. „Серија Европа“.

Новите банкноти од 100 и 200 евра се очекуваат на почетокот на 2019 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1