Во петок ќе се одлучува дали скопјани ќе пијат поскапа вода


До крајот на неделата ќе се знае дали скопјани ќе пијат поскапа вода. Од ЈП Водовод за Сител велат дека УО во петок ќе донесе одлука за новата цена на водата. Од таму засега не можат да кажат дали сметките ќе бидат повисоки. Единствено што можат да потврдат е дека новата цена ќе биде една од трите понудени од Регулаторната комисија за енергетика.

Оваа комисија ги одредува цените на водата за општините со над 10.000 жители од почетокот на оваа година. Таа во декември предложи три цени, минимална, просечна и максимална за 2018, 2019 и 2020 година. Секоја од овие цени е поголема во секоја следна година.

Предлогот што ќе го усвои УО на Водовод, потоа оди на разгледување во Советот на град Скопје кој ќе ја донесе конечната одлука за цената на водата која ќе ја користат жителите на СКопје.

Сегашната цена на водата во Скопје изнесува 29,39 денари. Таа важеше и пред три години кога советничката група на СДСМ бараше намалување на цената за 30%.

Доколку дојде до зголемување на цената на водата, тоа ќе биде само уште едно покачување во бранот кој ја зафати земјава од почетокот на годината. Засега најмногу поскапе дизел горивото и тоа за 5,5 денари по литар во рок од 20 дена.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1