Во потрага по забава 11 мечиња се качиле на едно стебло


Кафени мечиња се качуваат на стебло барајќи ја најдобрата позиција за сместување. Го искористиле секој сантиметар од стеблото кое го издржа товарот.

Мечињата случајно биле фотографирани додека седеле на стеблото во Северна Америка. Иако изгледа дека на стеблото се кациле за да се заштитат од некоја опасност, тоа всушност е само нивното место за играње.

Кафените мечиња се качувале преку своите браќа и сестри и го барале најдоброто место за сместување. Иако сега се мали, кога ќе пораснат овие мечиња може да достигнат и до 2 ипол метри и да тежат повеќе од 350 килограми.

Покрај во Северна Америка овие мечки може да се сретнат и во делови на Скандинавија, Русија и средна Азија.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1