Во сабота невреме и обилни врнежи од дожд


Во сабота се очекува нов влажен бран, со обилни врнежи од дожд. Претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд не очекува денес. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

dozd

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Според најавите од УХМР, и утре ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а нов влажен бран со обилни врнежи ќе има во сабота. Во сабота локално се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен, особено во западните и северните делови од земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1