Во штала во кумановско пронајдени 35 мигранти


При претрес на полициски службеници ноќеска, пронајдени се триесет и пет мигранти во домот на Ќ.А.(46) од селото Лојане.

Полицијата извршила претрес во дом и други простории кај лицето Ќ.А.(46) од с. Лојане, при што во помошна просторија – штала биле пронајдени 35 мигранти.migranti-granica500

За време на претресот сопственикот не бил присутен, а во домот бил затекнат неговиот син Р.А.(18). Освен мигрантите пронајдени во помошната просторија во Лојане, пронајдени и лишени од слобода се и О.К.(25) и М.Д.(40) од Авганистан, С.С.(33), Н.А.(18), А.А.(19) и А.М.(20) сите од Пакистан за кои постојан сомненија дека противправно ги држеле лицата Л.М. од Сирија со нејзините четири малолетни деца и Х.У. исто така од Сирија со неговите две малолетни деца.

Синот на сопственикот на куќата од Лојане Р.А. е лишен од слобода, додека по неговиот татко се трага поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело по член 418 Б ст 4 „криумчарење мигранти“од КЗ на РМ и против нив ќе биде поднесена кривична пријава до ЈО за гонење на организиран криминал.

Во СВР Куманово се приведени и странските државјани за кои исто така постои основи на сомнение за сторено „криумчарење на мигранти“ и против нив исто така ќе биде поднесена кривична пријава до ЈО за гонење на организиран криминал поради постоење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1