Во сообраќајка кај Стоби загина познат адвокат (Фото)


Во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на автопатот Неготино – Велес, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“ загина познат велешки адвокат Никола Димов.

На лице место дошла Брза помош од Неготино, но кога стигнала возачот веќе бил починат. Не е познат терминот кога  автомобилот излетал од автопатот. Истрагата и обдукцијата ќе откријат кога се случила смртта.   Од здобиените повреди  Димов починал на лице место.

Никола Димов беше познат адвокат во Велес кој претходно неколку години ја извршуваше функцијата јавен правобранител за општините Велес и Неготино.

ФОТО: (http://duma.mk, http://tirekovmirece.com)

Picture_081-06022014054526

kola-011391681639_thumb_medium490_0

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1