Во среда премиерно ќе ја слушнеме евровизиската песна Империја


Во среда на Македонската телевизија ќе биде промовирана песната Империја на Есма и Влатко со која годинава ќе не претстават на Евровизија во Малме

macedonia 2013

Во студиото 1 на Македонската радио телевизија во среда во 20 часот и 45 минути ќе можеме премиерно да ја слушнеме евровизиската песна Империја. Ќе биде прикажан и официјалниот спот за песната со која Влатко Лозановски и Есма Реџепова ќе не претстават годинава во Шведска.

 Студиото ќе го збогати со своето присуство и минатогодишната евровизиска претставничка Калиопи Букле, која ќе говори за своето искуство поврзано со „Евровизија“.

-Велат дека упорноста и трудот секогаш одат заедно и резултираат со неминовен успех. Како доказ на ова тврдење, подготвивме шоу, за кое нескромно можам да кажам дека ќе изгледа и повеќе од светски. Преку шоуто, нашите гледачи ќе имаат можност да бидат сведоци на она на што подолг временски период неуморно работи тимот на Македонската радио телевизија и безрезервно вложува во проектот наречен „Евровизија 2013“. Го поканувам сиот македонски аудиториум, но и пошироко да го проследи евровизиското шоу, оваа среда, во 20.45 часот и за прв пат да ја слушне хитовската „Империја“, како и да го види спотот за истата, изјави Љупчо Мирковски, шеф на евровизиската делегација на Македонската радио телевизија, пренесува Курир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1