Во Темза најдено тело на уште еден Французин убиен во терористичкиот напад


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е пронајден и третиот Французин убиен во терористичкиот напад на Лондонскиот мост над реката Темза во саботата навечер, пренесе БТА.

Информацијата се уште не е формално потврдена, но блиските на исчезнатиот француски државјанин Ксавие Тома се информирани за последните настани, и се чека на идентификување на жртвата. Ова е осмата жртва на нападот со автобус и ножеви, при што беа ранети околу 50 лица.

Во моментот на нападот, Тома (45) бил на мостот со своја пријателка. Таа пак, била удрена од автобусот на терористите и е сериозно повредена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1