Во Црна Гора и Хрватска црвен метео аларм!


Хидрометеоролози во Црна Гора и Хрватска воведоа црвен метео аларм за денеска и утре додека во БиХ е на сила портокалов.

Според метеоролози во Црна Гора се очекува облачно време повремено со снег со засилен северен и североисточен ветар со удари повремено на бура, а на некои места и со орканска јачина.sneg-nevreme_balkan

Од Црногорскиот електродистрибутивен систем соопштија дека таквите временски неприлики може да имаат значајно влијание врз системот за дистрибуција на електрична енергија особено во северните делови од државата. Од Црнагорапут соопштија дека сета механизација е приправна и вклучена. На возачите им се препорачува да не патуваат ноќе или возењето да го прилагодат со условите на патот.

И хрватските метеоролози издадоа црвен метео аларм со предупредување дека во државата се очекува студен бран поради кој во викендот температурата на воздухот е можно да се спушти и до минус 20 степени Целзиусови со силен северен ветар.

Црвен метео аларм е даден за Истра, Кварнер како и за Велебит и северна Далмација. Во следните денови се очекува во таа држава снег и оркански ветрови на Јадранот, соопшти Хрватскиот ХМЗ. На граѓаните им се препорачува што помалку да рпестојуваат на отворено или во незагреан затворен простор.

Поради снег, во БиХ сообраќајот се одвива отежнато. Регистрирани се нови 15 см снег, а за утре се очекува врнежите од снег да престанат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1