ВО ЖИВО: За прв пат во историјата на човештвото вселенски апарат ќе слета на комета


Европската вселенска агенција ќе се обиде да го слета вселенскиот апарат Philae на комета. Нешто што никој досега не направил.

Поради огромното растојание помеѓу кометата и Земјата, научниците ќе разберат дали слетувањето е успешно 28 минути по самиот настан. Научниците се надеваат дека Rosetta и Philae ќе им помогнат да најдат одговори на многу важни прашања за кометите во Сончевиот систем.

644519D4B30E4D44932229C02EBA3973

„Летаме во близина на комета, која практично е машина на времето, содржи информации за составот на Сончевиот систем при формирањето пред околу 4 милијарди години”, објаснува Фред Јансен, шеф на мисијата на Rosetta.

„Навистина ќе можеме да погледнеме назад во времето”, забележува тој. Rosetta и Philae го започнаа вселенското патување во 2004 година и летаа десет години до нивниот состанок со кометата. Ако успее да слета, Philae ќе се прицврсти за површината на замрзнато небесно тело со помош на специјален харпун.

Историското слетување следете го на следниот ЛИНК во живо.

http://new.livestream.com/ESA/cometlanding

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1