Водич за родители и тинејџери за заштита од сајбер насилство


Родителите имаат клучна улога во помагањето на децата да им обезбедат безбедни и позитивни искуства на Интернет. Преку разбирањето на тоа како децата и младите го користат Интернетот, ризиците со кои се соочуваат и стратегиите за управување со ризиците, родителите може да им овозможат на децата добро да се справуваат со Интернет светот. Меѓаши со неколку совети како да се заштитат децата на интернет.

Што може родителите да преземат

Родителите треба да бидат во тек со активностите на нивните тинејџери на Интернет. Добро е доколку го постават компјутерот на некое видливо место во домот. Родителите треба да дискутираат со своите деца за тоа кои сајтови се во ред да ги истражуваат а кои не се и да имаат јасни правила околу активностите на Интернет.

 Ако детето ги користи сајтовите за социјални мрежи, родителите треба да се осигураат дека ги разбира карактеристиките за приватност – како да го уреди профилот да биде приватен и да го ограничи пристапот на информации. Исто родителите треба да го охрабрат детето да ги испита онлајн пријателите и да ги блокира оние што испраќаат навредливи содржини.

 Родителите треба да бидат отворени со своето дете, за тоа да може слободно да им се обрати доколку нешто го загрижува. Треба да му помогнат на детето да ги развие вештините што му се потребни за да комуницира безбедно на Интернет.

Водич за тинејџери за заштита од сајбер насилство

Тинејџерите не треба да дозволуваат нивниот онлајн живот да влијае на нивниот реален живот. Нивната дигитална репутација е дефинирана од нивното однесување во онлајн средината и од содржината што ја објавуваат за себе и за своите пријатели.  Обележаните фотографии, блог објавите и интеракциите на социјалните мрежи на тинејџерите влијаат на тоа како другите ги перцепираат на Интернет и во реалноста, сега и во иднина.

Лошата дигитална репутација влијае на нивните пријателства, односи и дури на нивната работа –затоа многу е важно да ја заштитат својата дигитална репутација.

Како тинејџерите може да ја заштитат својата дигиталната репутација?

 Треба да размислат добро пред било што да објават, испратат или блогираат

 Треба да ги третираат другите на начин на кој они би сакале да бидат третирани

 Треба да го постават профилот да биде приватен и од време на време да проверуваат за да се осигураат дека поставувањата не се променети

 Треба да ги прегледаат сликите на кои се обележани од своите пријатели и да ги отстранат оние кои се навредливи

Важно е тинејџерите да запомнат дека информациите на Интернет може да останат засекогаш.

Нивните лични информации може да ги видат луѓе кои не ги познаваат, вклучувајќи и потенцијални работодавачи.

Share Button
MK News

Автор инфо

One Response to “Водич за родители и тинејџери за заштита од сајбер насилство”

  1. amel muaremovik #

    jaki !!

    31/01/2013 13:28 at 13:28 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1