Водокрст – обичаи поврзани за овој ден, што се треба да направите


На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.

Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

За православните христијани денеска е строг пост.

Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа. Во некои краеви постои обичај да се стави кст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1