Војник пронајден жив две недели по падот на хеликоптерот


Војникот, кој бил во хеликоптерот на индонезиската војска што се урна пред повеќе од две недели, е пронајден жив во џунглата, информираа денеска воени претставници, а пренесе Танјуг.

– Војникот Јоханес Сјахпутру синоќа беше пронајден од жителите на едно село на островот Борнео, изјави портпаролот на војската Сабрар Фадхилах.helikopter

Како што објасни порпаролот на армијата, војникот бил во исклучително тешка состојба кога го нашле жителите на селото- исцрпен и со повеќе рани на рацете, околу половината и на нозете, а неколку дена и ништо немал јадено.

Сјахпутра, со уште четворица војници, се наоѓал во хеликоптерот со кој на 24 ноември се загубил контактот над џунглата.

Остатоците од хеликоптерот беа пронајдени три дена подоцна.

Во несреќата загинаа тројца војници, еден преживеа, а Сјахпутра тогаш не беше пронајден.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1