Вонредна ситуација во Тутин, Србија – замрзнат 70 км водовод


Претседателот на општина Тутин, Србија Шемсудин Кучевиќ за Танјуг изјавил дека на седницата на Штабот за вонредни ситуации е прогласена вонредна состојба во општината.vodno zamrznato

-Акцентот го ставивме на Пештерската висорамнина бидејќи после неколку дена ниски температури и до -30 степени, бевме приморани на тоа, а пред се поради проблемите со водоснабдувањето затоа што комплетниот водовод во Пештерската висорамнина во должина од 70 километри е замрзат, истакнува Кучевиќ.

Тој додава дека властите во Тутин денес добиле извештај за состојбата на патиштата, извештај од ветеринарниот инпектор и констатирани се отежнати ситуации кога станува збор за транспортот на болните.

-Главните патни правци се исчистени, но е голем проблем тоа што непристапни остануваат голем број патишта. Побаравме помош и поддршка од луѓето кои имаат цистерни за водоснабдување во овие ниски температури, додава Кучевиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1