Вооружена драма во Сарај синоќа: Влегле со автоматски пушки


Вооружена драма синоќа се одвивала во скопското село Сарај на бензинската пумпа “Имо Оил”. На бензинската во 2 часот по полноќ влегле три маскирани лица, кои имале автоматски пушки во рацете.

Полицијата информира дека го нападнале вработениот и му одзеле 20.000 денари, заедно со неговиот паричник во кој имал 1.000 денари и документи.

Потоа, вооружените насилници го затвориле вработениот во една од просториите и избегале.

Полицијата работи на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1