Возач загина, тројца повредени утрово на патот Прилеп-Битола


Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајка што се случила рано утрово во 04.30 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на селото Српци.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило БМВ со охридски регистерски таблици управувано од А.Р.(42) од Охрид и патничко возило „киа соренто“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.К.(25) од Скопје. Во незгодата возачот на БМВ, А.Р. починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила Р.С.(36) од Охрид сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото Е.С.(41) од Охрид се здобил со телесни повреди.
Со телесни повреди се здобил и возачот на „киа соренто“, Т.К.

Повредените биле пренесени во Клиничката болница во Битола заради укажување лекарска помош. Од страна на СВР-Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1