ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Еве каде вее снег во моментов и каде има забрани за сообраќај


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет паѓа во цела држава освен во источниот дел.sneg-avtopat-pat-zamrznat-koli

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово и Ѓавато, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена и на планискиот превој Пресека.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1