Возможно е: Откажете се од цигарите за само 10 дена


Многy конзументи на цигари се свесни дека пушењето е штетно по нивното здравје, но не се доволно упорни за да се откажат.

cigariПостојано се информираме за штетните последици од пушењето, но процесот на одвикнување од никотинската зависност како да е скоро безуспешен, ќе кажат многумина кои се обиделе да се ослободат од овој порок.

Според доктор Петар Боровиќ, претседател на Сојузот против пушење во Србија, тутунската индустрија користи силни супстанци во процесот на производство на цигарите. Токму поради тоа, зависноста е поголема.

„Некогаш беше најтешко да се престане со земање на хероин, потоа никотин, кокаин па на крај алкохол и кафе. Денес, никотинската и хероинската криза се скоро изедначени, па поради ова луѓето безуспешно се обидуваат да се откажат од пушењето. Ним им е потребна стручна помош, бидејќи спонтано само малкумина можат да се збогуваат со цигарите“, тврди доктор Боровиќ

Во советувалиштето за одвикнување од пушење при Институтот за јавно здравје во Крагуевац, Србија, постои детална програма за одвикнување од пушење како и совети со помош на кои пушачот лесно ќе се воздржи од палење на цигара.

cigarettesСпоред надлежните овде, првите три дена од процесот на одвикнување се најтешки, но кон крајот на петтиот ден, конзументите веќе имаат помала желба за цигара. Доколку се издржат десет дена без цигара, успехот е постигнат.

Еве неколку нивни совети и правила кон кои треба да се придржувате доколку сакате да се ослободите од цигарите:

Во моментите на желба за цигара, погледнете на часовникот. Набљудувајте ги стрелките точно три минути. Веднаш по ова, интензитетот на желбата да се запали цигара е минимален.

Капењето со топла вода три пати на ден по дваесет минути ја отстранува желбата за цигара. Оваа процедура е позната во медицината како васкуларна гимнастика. Ќе ви ги смири нервите и ќе се зголеми циркулацијата на телото.

Пијте шест до осум чаши вода помеѓу оброците. Колку повеќе течности пиете, толку повеќе внесен никотин ќе се исфрли од вашиот организам. Штом се разбудите, обидете се да испиете една или две чаши млака вода. Подоцна, уште две чаши вода помеѓу појадокот и ручекот, плус уште две во попладневните часови. Овие шест чаши вода заедно со свежо цедени сокови ќе ја намалат потребата за внесување на никотин и тоа уште во првите 24 часа од престанокот на пушењето.

Првите пет денови одморајте се повеќе, конзумирајте нормални дневни оброци во одредено време и легнувајте на време. Доколку нервите се уморни, желбата за цигара повторно ќе се јави.После секој оброк излезете од дома, шетајте и длабоко дишете најмалку 15 минути. Избегнувајте седење веднаш по јадење, бидејќи тогаш повеќе од било кога се јавува потребата да се запали цигара.

Среќно !

ХИТ ПОРТАЛ

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Возможно е: Откажете се од цигарите за само 10 дена”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.