Вознемирувачко: Шест мажи обесени на надвозници во Баха Калифорнија


Мексиканската полиција пронајде шест тела обесени на три различни надвозници во две општини во близина на мексиканското туристичко одморалиште Лос Кобос на полуостровот Баха Калифорнија (Долна Калифорнија).

Мексиканските власти во средата објавија дека нашле шест тела како висат од три надвозници во североисточната мексиканска држава. Државниот обвинител изјави дека се пронајдени тела на шест мажи и дека се очекуваат резултатите од аутопсијата. Покрај телата на двајца од мажите е пронајдена пишана порака чија содржина не е откриена, а се верува дека извршителите се поврзани со локалните банди.

Властите не дадоа детали за тоа што им се случило на мажите, но наркобандите често јавно ги обесуваат телата на своите убиени жртви за да ги заплашат своите ривали, вели Гардијан.
Вкупно 409 лица се убиени во оваа област од јануари до октомври годинава, што е над двојно повеќе убиства од минатата година. Бројот на убиствата е зголемен поради сè поголемиот организиран криминал.

Мексиканските наркобанди се борат околу рутите преку кои ја испраќаат дрогата во САД, како и околу областите каде што им ја продаваат дрогата на туристите. Повеќе од 196.000 луѓе се убиени во Мексико од крајот на 2006 година, кога владата почна контроверзна војна против дрогата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1