ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Девојка се бореше со питбул за да го спаси своето милениче


Раскрвавена и со расеченици по дланките и телото заврши девојка која со голи раце се обиде да го спаси своето мало куче, кое се најде во челуста на разбеснет питбул.boston_-_02-640x359

Питбулот успеал да ги зарие острите заби во вратот на малото куче, кое почна и да се задушува. Девојката врескаше од болка и бараше помош од луѓето околу себе.

За среќа, сопственикот на питбулот успеа да го оттргне неговиот миленик од малото куче. Како што пренесе „Дејли мејл“, девојката се здобила со повеќе повреди во инцидентот, а нејзиното милениче сепак преживеало.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1