Вознемирувачко видео: Насилници тепаат девојче во училиште, а останатите се смеат


На социјалните мрежи и на ЈуТјуб се појавило вознемирувачко видео од насилство во едно училиште во српскиот град Аранџеловац.

Kurir.rs пишува дека видеото настанало во техничкото училиште “Милета Николиќ”. На снимката се гледа како група ученици тепаат соученичка од класот, која беспомошно седи на столче и се обидува да се одбрани со раце.

Додека соучениците од класот ја тепаат, остатокот се смее и зборува.

“Спушти ги рацете доле. Јасно ли е?”, се слуша на снимката.

Никој од учениците не се обидел да и помогне на нападната ученичка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1