Вработен на паркинг во Скопје прободен – не им нашол празно место


21 годишен контролор на Градски паркинг бил прободен со нож од страна на две лица среде бел ден, на паркинг во центарот на Скопје.

Инцидентот се случил во средата околу 13.30 часот, во Скопје на бул.„Гоце Делчев“ поточно на паркингот пред Тетовскиот универзитет.

Според МВР, додека  Р.А. (21) од Скопје бил на работното место контролор во Градски паркинг со колегата Н.И., дошло возило „БМВ“ со скопски регистерски таблички во кое имало две  лица,  по што му рекле на вработениот дека мора да им најде место, во спротивно физички ќе го нападнат.

Лицата  излегле од возилото  и  со употреба на  нож  му нанеле повреди  во пределот на грбот и на левата потколеница, а почнале и да го влечат, по што истиот паднал во бесознание и со возило бил однесен во Градската општа болница.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1