Вреди цело богатство: Стаклена паричка продадена за 70.000 долари


Ретка американска стаклено паричка направена во текот на Втората светска војна е продадена на аукција за 70.500 долари, соопшти денеска аукциската куќа Херитиџ.glass-penny-auctioned-97366

Паричката, која ја изработила компанија Блу Риџ глас од Тенеси, ја купил Американец кој сакал да остане анонимен. Во текот на војната бакарот бил потребен за муниција, па американската ковачница во Форт Лодердејл одобрила изработка на пробни парички од други метали, како и од стакло, пластика дури и од гума.

Претходниот сопственик на паричката од калено стакло, Роџер Бурдет, рече дека отисоците на паричките не биле прецизни, а обликот и тежината нерамномерни, и дека сите имале остри рабови.

Тој рече дека веројатно биле уништени. Најверојатно оваа паричка е единствена.

Според неговите зборови постои уште само едно стаклено пени, но тоа е скршено.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1